Фудбалер на Интер зараборува милиони, а живее како просјак

Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен во текот на јануарскиот трансфер рок дојде во Интер опд редовите на Тотнем, а допрва треба да купи куќа во Милано.

За неговите услуги, екипата на Интер мораше да одвои 17 милиони фунти, но поради пандемијата на коронавирус, Данецот не успеа да купи куќа во Милано и откри дека во моментов живее во клупскиот камп, односно центарот за тренинзи.

Мислев дека прво ќе разговарам со Ромелу Лукаку или Ешли Јанг, но тие имаа семејства да се грижат и да спиете 14 дена на друг кревет не е многу пријатно. Наместо тоа, останав во клупски камп со пет члена на персоналот, кои исто така решија да се изолираат за да ги заштитат своите семејства, истакна Ериксен.