ФИФА потврди: Македонија со најдобар пласман во последните три години!

Македонската фудбалска репрезентација напредуваше за нови девет позиции на рангирањето на Светската фудбалска федерација (ФИФА), па на најновото ноемвриско рангирање црвено-жолтите се на 76-то место со скокот од девет позиции по победата во пријателскиот меч со Норвешка со 2-0.

Македонија за само седум месеци успеа да напредува веќе 90 позиции, па 166-та позиција о март сега ја замени со 76-то место, што е фантастичен напредок во една календарска година. Најновиот скок од девет позиции на Македонија сега и до донесе најдобриот пласман во последните три години, затоа што последен пат црвено-жолтите на оваа позиција биле во август 2014 година. Многу веројано е дека Македонија на оваа позиција и ќе ја заврши оваа 2017 година, соогледд дека во следниот период нема репрезентативни активности, па декемвриското рангирање е само потврдвање на претходно обезбедените позиции.

Најдобар пласман на Македонија во последните пет години е 73-та позиција од март 2013 година, а најдобар пласман во историјата е 46-то место од октомври 2008 година, кога селектор беше Среќко Катанец.

На врвот на листата, нема помена кај првите пет, Германија е пред Бразил, Португалија, Аргентина и Белгија, следат Шпанија (скок од две позиции), Полска (пад од едно место), Швајцарија (напредок за три места), Франција (пад за две места) и Чиле (пад за една позиција).

Следното и последно рангирање за оваа година е на 21 декември.