ФИФА ја казни ФФМ со 12.500 швајцарски франци (ФОТО)

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) доби казна од 12.500 швајцарски франци со одлука на дисциплинската комисија на светската централа за последниот меч со Исланд (3-1) во мундијалските квалификации по кои црвено-жолтите изборија историски мундијалски бараж.

Македонија е казнета по две основи за прекршување на членовите 12 и 16 од дисциплинскиот правилник на ФИФА, па вкупната сума од 12,500 швајцарски франци е изречена за тимско недолично однесување поради пет индивидуалнио санкции на мечот (жолти картони), како и за прекршување на правилата за ред и безбедност на мечевите односно употреба на пиротехнички средства.

Дисциплинската санкција ФИФА ја изрече на почетокот на годинава, безмалку два месеци после одигрувањето на мечот со Исланд на 14 ноември по кој Македонија обезбеди бараж, па на 24 март годинава треба да гостува во Палермо во полуфиналниот плејоф против европскиот првак Италија.