ФИФА: Алиоски е човекот кој го живее фудбалскиот сон (ФОТО)

Македонија до пред десетина дена беше непозната фудбалска репрезентација, но по победата на гостувањето кај Германија во рамки на квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година станавме синоним за сензација и реално ја поткрепивме легендата на „Давид против Голијат“. 

Сега ФИФА го искористи Езгјан Алиоски како понеделничка мотивација дека фудбалските сништа можат да се исполнат. Нашиот репрезентативец откако ја победи Германија, беше дел и од сензационалната победа на Лидс јунајтед против Манчестер сити на „Етихад“ изминатиот викенд иако гостинскиот тим цело второ полувреме го играше со играч помалку. Алиоски беше асистент на победничкиот гол за 1-2 во финишот од средбата.

„Малку понеделничка мотивација од човекот, кој ги живее најдобрите моменти од својата кариера, Езгјан Алиоски“, пишува во „твитот“ на ФИФА.