ФФМ си молчи, разбравме од Шпанците: Барди е најдобар фудбалер во Македонија за 2016/17! (ФОТО)

Фудбалсакта федерација на Македонија (ФФМ) за десет дена ќе ги доделува наградите за најуспешните во мак-фудбалот, а освен номинациите во пет категории, никој ништо не знае за останатите наградени или номинирани. Додека дома има потполна тишина, разбравме од Шпанцете кој ни е најдобар фудбалер за 2016/17 сезона.

Леванте се пофали на својот официјален вебсајт: Енис Барди е прогласен за најдобар фудбалер во Македонија за сезоанта 2016/17!

Овде ние, пак, немаме информација не кој е избран, туку ни кои фудбалери биле во најтесниот круг за највисокото признание во македонскиот фудбал. Далеку од тоа дека Барди не заслужил, но транспарентност во бирањето - нула.

ФФМ пред точно една недела ги објави номинациите во пет категории, кои ќе бидат ставени на јавно гласање, а меѓу нив имаше само за „најдобар во домашното првенство“, не и фудбалер на годината воопшто. За тие останати кагегории решава управниот одбор. Очигледно многу тивко.

Доделувањето на наградите е закажано за 3 декември.