Ежење: Македонската химна ечеше во стариот дел на Букурешт (ВИДЕО)

Како се наближува утрешната пресметка против Украина, втора за Македонија на ЕУРО 2020, така во Букурешт повторно зоврива атмосферата меѓу неколкуте стотини навивачи, кои неделава ја минуваат во романската престолнина.

Центар на сите случувања е стариот дел од градот, каде што пред и по дуелот со Австрија, без разлика на поразот, се пееја навивачки рефрени и популарни народни песни, а пречка не беше ниту силниот дожд кој често знае да ги накисне фановите. Синоќа, пак, најемотивна беше сцената со македонската химна, која беше пуштена од едно од кафулињата, а кој ги „примора“ сите да станат и со рака на срцето во хор да ги испеат стиховите од „Денес над Македонија се раѓа“.

Сето ова навестува фантастична атмосфера и за време на утрешната пресметка против Украина, закажа за на „Националната арена“ со почеток во 15 часот.