Ерменија се подготвува за војна, дали „виси“ дуелот со Македонија!

Предводниците на Ерменија денеска прогласија воена состојба, поради екскалација на судирите со соседен Азербејџан поради областа Нагорно-Карабах, што автоматски ги стопира сите активности во државата, меѓу кои се и спортските.

Поради тоа „виси“ гостувањето на Црвена звезда во Ереван, каде што в четврток треба да го одигра мечот од Лига Европа против Арарат, а ако проблематичната ситуација продолжи тогаш прашање е дали и како Македонија ќе гостува во оваа држава во ноември во склоп на годинешната Лига на нации.

Објавата на воена состојба веднаш ги укинува сите комерцијални летови од и кон Ерменија, поради што белграѓани чекаат на одлука на УЕФА за тоа дали и каде ќе се одигра овој натпревар. Начинот на кој европската Куќа на фудбалот го реши овој проблем, може да биде своевиден урнек за тоа како би се решила ситуацијата со евентуалниот дуел на Ерменците со нашата репрезентација.

Како своевидни опции се разгледува играњето на неутрален терен, под услов клубовите и фудбалерите ќе можат да ја напуштат државата, па се до службени победи на нивните противници.