Ерменците открија: Голема нетрпеливост на две ѕвезди е причина за крахот!

Иако Ерменија има солидна селекција по имиња предводена од премиерлигашката ѕвезда Хенрик Мхитарјан, дебаклот завчера во Ереван со поразот од аутсајдерот Гибралтар само потврди дека во изминативе повеќе од година и половина нешто не е во ред со репрезентацијата и сето тоа на среќа на македонската фудбалска селекција.

Македонија утре ќе се соочи со Ерменија, а на половина пат во Лигата на нации на домаќинот му бега шест бода, па триумф на црвено-жолтите ќе значи практично обезбедено прво место, зошто тешко за верување е дека Лихтенштајн теоретски би можел да направи сензација. И во пресрет на мечот во Ереван, медиумите во оваа земја веќе објавија дека една голема нетрпеливост на две ѕвезди во тамошната репрезентација се причина за тоталниот крах на тимот.

Ерменија и пред еден месец се измачи со Лихтенштајн и едвај победи со гол на вардарецот Тигран Барсегјан, а потоа буквално не покажа ништо против Македонија и единствената шанса што ја имаа на мечот беше очајната грешка на левиот бек Кире Ристевски. Во Скопје беше очигледна „тоталната недисциплина“ и фактот дека секој фудбалер сакаше со индивидуална акција да направи некаква шанса, а тимската игра речиси не постоеше.

„Кој можеше да помисли дека може да се загуби од Гибралтар? Имаме играчи кои играат во Англија, Германија, Португалија, Русија и секоја недела слушаме дека играле добро, дале гол. И што е сега проблемот? Очигледно е дека во тимот има подлабоки проблеми, одошто тоа наизглед делуваше дека е со селекторот“, пишува „В њус“.

Соблекувалната е разединета, а две ѕвезди наводно го голема војна – Мхитарјан и Јура Мовисјан.

„Не гледаме дека тимот е обединет. Очигледно е дека нема кохезија во тимот. Грешки се прават, па и големи селекции губеле од мали, арно ама... Очигледно е дека нема респект помеѓу Мхитарјан и Мовсисјан. Еден од нив веќе призна во отворениот разговор со дел од навивачите дека 'атмосферата во тимот не е како што била пред неколку години'. Очигледно е дека личните проблеми помеѓу Мхитарјан и Мовсисјан од пред неколку години не се решени, а продолжуваат да се повредуваат еден до друг, на штета на Ерменија“, додава порталот.

Разединетоста во ерменскиот состав е нивна голема болка, а адут повеќе на избраниците на Игор Ангеловски да ја продолжат победничката серија и практично да го обезбедат плејофот за Евро 2020. Во селекцијата на Ерменија членови се Барсегјан, актуелниот фудбалер на Вардар и Хофханес Хамбарџумјан, кој три годни до летоска беше дел од најтрофејниот македонски клуб.