Енис Барди се повреди и го загрижи селекторот Ангеловски!

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди, повторно ќе биде извесен период надвор од теренот, откако на еден од последните тренинзи го повреди бутниот мускул.

Тој почувствувал силна болка, па по дополнителните прегледи биле утврдено дека го истегнал мускулот. Барди дефинитивно нема да биде во тимот на Леванте на задутрешниот дуел против Атлетик Билбао од Ла Лигата, а прашање е дали ќе може да помогне во реваншот од полуфиналето од Купот на Кралот против истиот противник, закажан за 4 март.

„Барди заработи мускулна повреда во десната нога. Му беа направени медицински тестови откако почувствува непријатностите на утринскиот тренинг. Тој нема да биде во комбинација за петочниот меч против Атлетик Билбао од Купот на Кралот, неговата состојба ќе се следи и се надеваме дека ќе биде фит за реваншот против истиот противник“, се вели во соопштението на Леванте.

Ситуацијата со фудбалерот на Леванте будно ја следи и селекторот на Македонија, Игор Ангеловски, со оглед што националниот тим следниот месец ќе го почне настапот во квалификациите за следниот Мундијал.