Елмас влезе од клупата, Инсиње ѝ пресуди на Болоња (ВИДЕО)

Наполи ја оправда фаворитската улога и славеше против Болоња со 2-0 во 26. коло од италијанската Серија А.

Лоренцо Инсиње прв ја затресе мрежата на гостите во осмата минута од мечот, кога погоди за 1-0, по што водството на Наполи го зголеми Осимхен во 65. минута. Сепак, гостите успеаа да се вратат во игра со погодокот на Сориано, кој намали на 1-2.

Болоња се бореше за да освои бод, но нивната надеж ја урна Инсиње во 76. минута, кога ги постави конечните 3-1, а македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе од клупата за резервни фудбалери во 79. Минута.

Наполи по денешниот триумф има 47 бодови и се наоѓа на шестата позиција.