Елмас по фантастичен продор асистира за водство на Наполи (ВИДЕО)

Фудбалерите на Наполи по само дваесетина минути поведоа на вечерашното гостување кај Болоња, откако мрежата на домашниот тим ја затресе Хирвинг Лозано со одличен шут со левата нога.

Но, можеби позаслужен за водството на наполитанците е македонскиот интернационалец Елиф Елмас, кој одлично продре по левата страна и маестрално му асистира на соиграчот, кому само му преостана да пласира и да погоди.

Ова е меч од 22. коло од Серија А, во кое составот од Неапол брка триумф со кој ќе остане во трка со Интер и Милано во битката за шампионската титула.