Елмас испофали сѐ во Наполи: Едвај чекам да заиграм пред најверните навивачи во светот!

Македонскиот фудбалски репрезентативец денеска на социјалните мрежи го изрази своето задоволство што потпиша за италијанскиот прволигаш Наполи, потенцирајќи ја радоста што ќе соработува со тренерот Карло Анчелоти.

„Драги пријатели на Наполи, пресреќен сум што станав дел од вашето семејство. Се чувствувам фантастично и задоволен сум што дојдов во еден од најдобрите клубови во светот. Радосен сум што ќе соработувам со еден од надобрите тренери во фудбалската историја. Благодарен сум и на управата на Наполи предводена од Аурелио де Лаурентис, која реши да ме ангажира. Чест и обврска е да се игра со толку многу соиграчи од светска класа и тоа пред едни од најверните навивачи во светот, какви што се тие на Наполи“, напиша меѓу другото Елмас.

Македонецот веќе го имаше дебито во дресот на Наполи на пријателскиот меч против Козенца (3-3).