Џенова победи со дури 13-0, Пандев постигна три гола за 30 минути!

Италијанскиот прволигаш Џенова перидот кога се играат натпревари од двете европски натпреварувања го искористи да одигра пријателски натпревар против аматерскиот тим на Мињанего кој, очекувано, го доби со преубедливи 13-0.

Македонскиот интернационалец во овој тим, Горан Пандев, доби шанса во второто полувреме во кое покажа дека може да му биде од корист на тренерот Прандели во периодот кој следува. Искусниот фудбалер средбата ја заврши со хет-трик и тоа со погодоци во 58., 75. и во последната минута од натпреварот.

За Џенова ова беше генералка пред пресметката против Лацио следниот викенд во склоп на Серија А.