Дориан Бабунски и официјално две ипол години во дресот на Дебрецин!

Некогашниот талент на Реал Мадрид и македонски младински репрезентативец, Дориан Бабунски, во иднина ќе го носи дресот на унгарскиот прволигаш Дебрецин, со кого потпиша две ипол годишен договор, а каде што ќе настапува со својот брат, Давид Бабунски.

Станува збор за еден од најстарите фудбалски екипи во овој дел од Европа, формиран далечната 1902 година, кој во 2009/10 играше во групната фаза од Лигата на шампионите, а следната сезона беше дел од оваа рунда во Лига Европа. Тој во Унгарија доаѓа од таборот на буагрскиот тим Ботев Враца, за кој одигра 34 средби и постигна 13 голови. Сениорската кариера ја почна во шпанска Фуенлабрада, а потоа настапуваше за екипи како Олимпија Љубљана Радомлје, како и за јапонските екипи Мачида и Кагошима.

Бабунски четири години беше дел од младинската школа на „кралевите“ од Мадрид (2011-2015), а настапуваше за младинските селекции на Македонија до 17, до 19 и до 21 година.