Добра вест за Ангеловски: Шишковски е во топ-форма пред ЕП – одбрани два пенали (ВИДЕО)

Македонскиот голмански репрезентативец, Дамјан Шишковски, одбрани два пенали во денешниот меч на неговиот тим Докса, но и покрај тоа не успеа да го спречи поразот од Пафос (1-2).

Тој беше најдобар поединец на теренот, откако беше нерешлива енигма прво за Валакири во 67. минута, а потоа и за Беригаруд во 79. минута, а покрај тоа имаше уште неколку одлични интервенции. Но, за жал, на навивачите на Докса, тоа не беше доволно за освојување барем на бод на оваа средба.

Без разлика на ова, добрата форма на Шишковски и тоа како ќе го израдува селекторот Игор Ангеловски, во пресрет на подготовките за историскиот настап на Македонија на ЕП 2021 следниот месец.

Одбранетите пенали на Шишковски можете да ги видите на следните линкови: прв пенал и втор пенал.