Добра вест за Ангеловски: Муслиу казнет од УЕФА, ама ќе игра против Косово!

Стоперот на македонската фудбалска репрезентација, Висар Муслиу, ќе му биде на располагање на селекторот Игор Ангеловски за претстојниот историски дуел против Косово, закажан за 8 октомври на арената „Тодор Проески“, без разлика што денеска беше казнет од УЕФА за црвениот картон добиен на неодамнешната средба на гости против Грузија (1-1).

Пресметката со Косовците е во склоп на минатото издание на Лигата на нации, а суспензијата е поради меч одигран од новиот циклус од ова натпреварување, поради што Муслиу ќе може да игра во завршницата која може да ни донесе пласман на Евро 2020.

Фудбалерот на МОЛ Фехервар доби директен црвен картон, претходно имаше и судиска опомена, а „пожолте“ и на првиот меч од новиот циклус против Ерменија во Скопје, поради што може да биде среќен што доби само двата меча суспензија, бидејќи казната можеше да биде и поголема.

Ова значи дека селекторот Ангеловски немама да може да смета на Мислиу за средбите од новото издание на Лигата на нациите, односно гостувањето кај Естонија и домашниот дуел со Грузија.