Динамо Загреб со емотивно видео му го честита рекордот на нашиот Адеми (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми, е нов рекордер на Динамо Загреб по бројот настапи на европските средби, откако синоќа, против Феенорд (0-2) во 5. коло од Лига Европа, го одигра 77. меч во дресот на „модрите“ на европска сцена.

Во таа чест, тимот од Загреб денеска објави емотивно видео со европските погодоци на Адеми, во кое на крајот му го честитаат големото остварување. Македонецот со вчерашниот настап го мина бразилскиот фудбалер со хрватски пасош, Самир, кој досега беше рекордер со 76 одиграни натпревари за Динамо Загреб во Европа.