Де Бур избра 34 фудбалери, го нема Ван Дијк за Евро 2021!

Селекторот на поранешниот европски првак Холандија, Роналд Де Бур го објави поширокиот спосок од 34 фудбалери кои до 26 мај ќе го скрати на 26 играчи со кои ќе оди на претстојното Европско првенство во групата Ц, каде „лалињата“ се третиот противник по распоред на Македонија.

На спискот Де Бур ги стави сите расположливи сили освен капитенот на најдобриот дефанзивец Вирџил Ван Дајк, ѕвездата на Ливерпул, кој во октомври имаше операција на лигаментите на коленото, но прерано е сега да се врати во полн ритам и тоа на најважниот репрезентативен собир.

Де Бур ги има сите други сили на располагање од Матијс де Лихт, Дони Ван де Бек, Френки де Јонг, Лук Де Јонг, Џорџо Вајналдум, Стивен Бергвајн, Натан Аке, Мемфис Депај, Ханс Хатебоер, Мартен де Рон, Стефан де Вриј...

Холандија има извонредна генерација, но лошо играше во минатата година во втората сезона во Лигата на нации, откако во првата дојде и до финалето на ова ново натпреварување, но секако многу ќе им недостига Ван Дијк, но под палката на Де Бур играат далеку под очекувањата во однос на тоа што го играа додека селектор им беше Роналд Куман, кој замина во Барселона.

Македонија со Холандија ќе се соочи на 21 јуни во Амстердам во третото коло од групата.