Чурлинов стрелец за Штутгарт против Цирих (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов постигна гол за Штутгарт на пријателскиот натпревар против Цирих. 

Нашиот интернационалец стрелаше во 69.минута за водство од 2-1 на германскиот состав со што направи пресврт по водството на Швајцарците во првиот дел. Натпреварот заврши со резултат 3-2.

Судбината на Чурлинов и натаму е неизвесна, бидејќи тој сака да се врати во тимот на Шалке, каде лани играше на позајмица во Втората Бундеслига. Штутгарт и тимот од Гелзенкирхен засега не можат да се договорат околу обештетувањето.