Чуден потег на Норвежаните: На Халанд му забранија да дава изјави

Норвешката фудбалска федерација му забрани на својот репрезентативец, Ерлинг Халанд, да дава изјави. Причина за таквата одлука е да го заштитат и да му обезбедат што поголем мир во пресрет на натпреварот со Србија од Лигата на нации.

Натпреварот со Србија од баражот за Еворпското првенство во 2020 гидина е кон крајот на идниот месец, а Халанд ќе има право да дава изјави само за ТВ 2, телевизиска куќа што ги откупи правата за пренос на натпреварите на норвешката фудбалска репрезентација.

Поранешниот напаѓач на Салцбург импресионира со своите настапи во дресот на Борусија каде замина за само 20 милиони евра. Во само три меча тој постигна дури седум голoви.