Чолаковски прво ќе мора да се докаже преку младите за повик во – сениорите!

Големиот македонски талент од Австралија, Стефан Чилаковски, напаѓачот на новиот првак Мелбурн Сити ќе мора прво да се докаже во младата македонска селекција пред да добие повик за сениорите, најави новиот македонски селектор Благоја Милевски.

Младиот напаѓач требаше уште во март да дојде на собирите на младата селекција, откако прифати да игра за Македонија, но поради корона-протоколите и локдаунот во Австралија, не можеше да се стави на располагање.

„Јас бев и сум поборник да не се скокаат репрезентациите и дека секој фудбалер прво треба да остави белег во својата возрасна генерација, како што беше случај и со Чурнинов, кој ја надрасна младата селекција. Со Стефан Чолаковски уште во јануари ги направивме првите контакти, беше спремен да дојде во март на турнирот во Анталија, ама ковид-мерките го спрелија тоа и не беше изводливо. Потоа требаше да дојде во јуни, но за жал не можеше зашто играа плејоф и потоа освоија титула со Мелбурн Сити, па остана во Австралија. Стефан прво мора да покаже дека има квалитет и низ игрите во У21 да се наметне за А-тимот“, рече Милевски.