Бугарија со српска легенда на клупата ќе гостува во Скопје во септември

Источниот сосед Бугарија ќе гостува во септрмври во Скопје во последниот меч од Лигата на нации со српска легенда на клупата, Младен Крстаиќ, кој е пред официјална промоција за нов кормилар на репрезентацијата.

Српски медиуми објавија фотографија од Крстаиќ со раководството на бугарската федерација предводена од претседателот Борислав Михаилов и техничкиот директор Георги Иванов, кој беше в.д. селектор на два меча минатиот месец после заминувањето на Јасен Петров по дебаклот од Грузија во Разград со 2-5.

Крстаиќ со бугарската федерација веќе сѐ договорил и го потпишал договорот, па сега останува само официјалната промоција. Иванов, неодамна објави дека до 28 јули ќе биде обзнанен новиот селектор, кој ќе има безмалку два месеци да го подготви тимот за последните два меча, но и да почне да ги склопува коцките за евроквалификациите кои ќе почнат во март догодина.

Бугарија во овој циклус во Лигата на нации освои три бода со три ремија против Македонија, Гибралтар (двапати по 1-1) и со Грузија (0-0) и е третопласирана во групата.

Крстаиќ беше селектор на Србија во периодот од 2017 до 2019 година, а уште беше тренер и на ТСЦ и Макаби Тел Авив, а е поранешен репрезентативец на Србија (59 меча) и екс-фудбалер на Партизан и бундеслигашите Вердер и Шалке 04.