Барди: Во Трабзон дојдов да си го остварам сонот – да играм во ЛШ (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди, попладнево пристигна во Турција, каде што во следните неколку часа прво ќе ги мине задолжителните лекарски прегледи, а веднаш потоа и ќе биде претставен како нов фудбалер на шампионот Трабзонспор.

Тој доаѓа од шпанскиот тим Леванте, кој испадна во Втората лига поради што нашиот фудбалер реши да ја промени средината, а притоа и да проба да си го оствари сонот.

„Среќен сум што ќе бидам дел од шампионски тим. Останува да ги средам последнтие детали и потоа да се видам со мојот нов тренер и новите соиграчи. Во Трабзонспор дојдов да си го исполнам сонот за настап во Лигата на шампионите“, изјави по слетувањето Барди.

Интернационалецот од Македонија во турскиот првак дојде за вкупен трансфер од десет милиони евра, од кои седум ќе бидат за него и тоа во три годишни рати. Трабзонспор ќе игра во плејофот за влез во групната фаза од ЛШ и тоа против дански Копенхаген.