Арнаутовиќ: Доста со муабетите тоа е само Македонија, ќе биде лесно - ни треба само бод!

Австриската ѕвезда Марко Арнаутовиќ, фудбалерот на кинески Шангај СИПГ ќе го предводи нападот на својата селекција в сабота против Македонија, но уште еднаш ја предупреди јавноста и целиот тим дека воопшто нема да имаат лесна задача, ако ги потценат избраниците на Игор Ангеловски на „Ернст Хапел“ во Виена.

Автрија во јуни годинава нѝ одржа фудбалска лекција по модерен фудбал, па на секое поле нè распарчи, славејчи со 4-1 и сега оваа селекција е на само бод од официјална промоција за учесник на Евро 2020. Но, за Арнаутовиќ, иако бод е во игра, предупредува дека мора да се освојат сите три.

„Доста со тие муабети, ова е само Македонија, ни треба само бод за Евро 2020... Мора да сме фокусирани, концентрирани и да влеземе во мечот за да победиме, а не да бркаме само еден бод. Нам вратата ни е подотворена, сега само треба целосно да ја отвориме и да влеземе на ЕП“, вели Арнаутовиќ.

Поранешниот фудбалер на Интер, Вердер, Стоук и Вест Хем посочи дека се повеќе му паѓаат тешки долгите патувања, па најави дека по СП 2022 ќе се повлече од националниот тим каде засега е седми најдобар стрелец во историјата со 26 голови.

„Мене статистики не ме интересираат, туку само победи. А, за овие мечеви патував 11 часа и 20 минути од кои десет часа само спиев во авионот. После СП 2022, немам повеќе желба да патувам во Казахстан, Фарски Острови или Азербејџан“, вели фудбалерот со српско потекло.