Ако пред само еден месец Македонија имаше пристојна поддршка од преку 15.000 гледачи на мечот со Словенија, кој црвено-жолтите го добија со 2-1 во овие евроквалификации, денеска посетата на Националната Арена „Тодор Просеки“ е повеќе од мизерна зашто нема повеќе од 5.000 гледачи на трибините на најголемиот стадион.

Откако Македонија ги загуби шансите за пласман на Евро 2020, спласна и еуфоријата кај македонските навивачи, па стадионот денеска зјае полупразен. Најмногу има на северната трибина и посебно е гужва во ложата на најголемиот стадион.

Македонија и Израел играат меч од последното коло во кое црвено-жолтите посакуваат победа, прва против добро познатиот ривак, кој трипати од три гостувања досега нè победил.