Алиоски емотивно им се заблагодари на Пандев и Ангеловски! (ФОТО)

Македонија го заврши настапот на Еуро 2020 пред неколку дена, а тоа значеше и крај на ангажманот на селекторот Игор Ангеловски на кормилото на фудбалската репрезентација, додека капитенот Горан Пандев ја заврши неговата репрезентативна кариера.

Многу фудбалери се збогуваа со Пандев и Ангеловски и притоа им се заблагодарија за тоа што успеаа да го постигнат со Македонија, а последен кој испрати емотивна порака беше репрезентативецот Езгјан Алиоски.

„Горан Пандев, ти секогаш ќе бидеш моја инспирација. Ангеловски, во овие шест заеднички години, испишавме историја. Нема зборови со кои ќе опишам колку сум благодарен за тоа“, напиша Алиоски.