Алиоски, Барди и Бејтулаи со оро го прославија голот на Македонија! (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација со голем бод и одличен старт тргна во новиот квалификациски циклус во кој главната цел е идното лето да игра на Евро 2020 низ Европа, а синоќа Езџан Алиоски и Енис Барди беа клучните за ремито во Љубљана против Словенија (1-1).

Интернационалниот двоец во третата минута од стартот на второто полувреме ја израдува Македонија, па Алиоски асистираше, а Барди безмилосно погоди за радост, но и за комична прослава на голот. Откако се најдоа во прегратка по погодокот, Барди и Алиоски, а им се приклучи и стоперот Егзон Бејтулаи се фатија за раце, па заиграа оро.

Моментот во еуфоријата по голот остана незабележан за многумина, ама потегот добро ги изнасмеа сите. И не е првпат Алиоски да има „креативен“ начин на прослава, зашто и за Лидс направи еден циркуз неодамна, по кој Англичаните и до ден денес не сфатија што сакаше да каже со начинот на прославата.