Алиоски ако остане во Лидс ќе има пеколен старт на новата сезона во Премиер лигата!

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Езџан Алиоски, на 1 јули и официјално ќе стане слободен играч, но има уште една сериозна понуда да ја продолжи соработката со Лидс, која ако ја прифати ќе му донесе пеколен старт на новата сезона во Премиер лигата, со оглед што во воведното коло веднаш ќе треба да гостува на - „Олд Трафорд“.

Тоа, сепак, нема да биде најинтересниот дуел од воведната рунда во Англија, со оглед што Манчестер Сити одбраната на титулата ќе ја почне против исклучително силниот Тотнем, на чија клупа ќе дебитира новиот менаџер, Пауло Фонсека. Арсенал ќе му гостува на новиот премиерлигаш Брентфорд, додека второто лондонско дерби во првото коло ќе се одигра на „Стемфорд Бриџ“ помеѓу Челси и Кристал Палас.

Новата сезона во Премиер лигата ќе стартува на 14 август, само 34 дена по завршувањето на ЕУРО 2020, со надеж за полни стадиони до максималниот капацитет, откако најголемиот дел од минатиот шампионат се играше пред празни трибини.