Адеми погоди на првиот меч по пандемијата (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми постигна гол за неговиот Динамо Загреб на пријателскиот дуел против Интер Запрешиќ, кој заврши со 4-1.

Капитенот на „модрите“ стана првиот македонски репрезентативец кој постига гол после паузата поради пандемијата на коронавирус.

Неговиот Динамо губеше на стартот, но веќе до полувремето направи целосен пресврт со головите на Гојак и Адеми.