Зошто цел Ливерпул навива Лајпциг да остане без – излез во Европа?

Наби Кеита ќе биде летното засилување на Ливерпул, трансфер кој е договорен уште зимава, но не се реализираше во јануарскиот преоден рок. Трансферот на Кеита во Ливерпул е сигурен затоа што овој фудбалер има потпишан преддоговор, но „црвените“ сега навиваат Лајпциг да остане без Европа.

Овој бундеслигаш е најомразен во Германија од причина што Ред Бул со многу пари го направи вицешампион, а најголемиот дел од јавноста се противи на ваков „модел на управување“, па освен што половина Германија навива Лајпциг да остане без Европа, посебно навива и Ливерпул.

Причина – во игра се 10 милиони евра!

Лајпциг во моментов е петопласиран и во игра за место во Лигата на шампионите, со заостаток со четири бода зад Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен во трката за тие две места во елитата, сооглед дека Баерн Минхен како првак е сигурен, а тешко за верување е дека Шалке ќе испадне од трката поради големата разлика од седум бода на четири кола до крајот. За Лајпциг, Ајнтрахт и Хофенхајм заостануват со бод помалку, а денеска Лајпциг игра дерби за Европа со Хофенхајм.

Кикс на Лајпциг може да донесе ситуациј, овој клуб да се најде на раб на бездната да остане без настап на меѓународна сцена во идната сезона, иако амбициите на клубот се повторно да играат ЛШ. А, Ливерпул бурно го следи целиот случај затоа што од исходот во Бундеслигата, зависи колку пари ќе плати за Кеита.

Ако Лајпциг избори пласман во ЛШ, трансферот ќе чини 75 милиони евра, ако игра Лига Европа ќе биде пет милиони помалку (70 милиони), но ако овој германски клуб остане без излез во Европа, трансферот ќе биде 65 милиони евра. Или, Ливерпул може да заштети десет милиони и тие пари да ги искористи за друг поголем трансфер.

Кеита сезонава даде осум гола, а има седум асистенции на 36 меча