„Златната топка“ ја замени со пушка: Беше најдобар во Европа, а сега ќе ја брани Украина

Руската инвазија на Украина натера и голем број украински спортисти да се приклучат во одбрана на нивната татковина и да земат оружје во рака, а еден од нив е Игор Беланов.

Беланов во 1986 година ја освои „Златната топка“ поради одличните настапи во Динамо Киев, а две години подоцна беше избра за најдобар во Европа во изборот на УЕФА.

Најголема трага остави во украинскиот клуб за кој одигра вкупно 121 меча и постигна 40 голови, а во 1986 година го освои и Купот на победниците на Куповите.