Зијех: Во фудбалот има многу матни ликови!

Фудбалерот на Ајакс, Хаким Зијех, и оваа зима е на мета на повеќе европски клубови, но Мароканецот нема намера да го напушти холандскиот клуб.

Зијех ги воодушеви сите со своите игри минатата сезона, но и оваа сезона е еден од најдобрите играчи на тимот од Амстердам. Тој имаше неколку одлични понуди во текот на летото, но ги изненади сите откако одлучи да остане во Ајакс.

Оваа зима Зијех се поврзуваше и со преселба во Арсенал, но како што стојат работите, нема да дојде до ттрансфер. Мароканецот не е заинтересиран за преговори со клубовите и изјави дека многумина знаеле како да го измамат порано.

Очигледно, овој 26-годишен играч сака да остане во Ајакс колку што е можно подолго, иако му се нуди шанса да направи трансфер на кариерата.

Постојат многу матни ликови во светот на фудбалот. Затоа има многу малку луѓе на кои им верувам. Ова е голема претстава која од ден на ден е се полоша, истакна Зијех.