Зиелински и Инсиње го урнаа Јувентус на „Сан Паоло“ (ВИДЕО)

Наполи конечно ја прекина црната серија и тоа со триумф против Јувентус во 21. коло од италијанската Серија А.

Домаќините играа за нијанса подобро во првите 45 минути од актуелниот шампион, но не успеаа да ја погодат нивната мрежа, иако испратија четири шута кон нивниот гол.

Во второто полувреме резултатот го отвори Зиелински, кој стрелаше во мрежата на Јувентус во 63. минута, а Инсиње во 86. минута зголеми на 2-0, додека „Старата дама“ ги постави конечните 1-2 преку Роналдо.