Зидан загрижен: Нешто не беше во ред, Винисиус мораше повторно да се тестира на коронавирус

Шпанскиот фудбалски гигант, екипата на Реал Мадрид, денеска конечно откри зошто нивниот напаѓач Винисиус изминатите неколку дена не се појави на тренинг.

На денешната прес-конференција, Зинедин Зидан едноставно не можеше да го избегне прашањето за Бразилецот. Тој откри дека Винисиус во моментов е во изолација и дека бил тестиран дури двапати за неколку дена.

Наводно, Винисиус веќе бил тестиран двапати, но од клубот не се откриени никакви резултати. Првиот тест, според „Марка“, бил критичен и не беше добро направен, поради што Винисиус бил тестиран утрово и резултатите треба да бидат готови вечерва.

Лекарите ме известија дека нешто не е во ред околу тестирањето и дека тие треба да го сторат тоа повторно. Понекогаш може да направите грешки и тоа е нормално. Тој не може да тренира сè додека не видиме дали е позитивен или не. Се надевам дека се е во ред и ќе биде со нас утре за натпреварот против Алавес. Резултатите ќе ги знаеме веројатно денес, истакна Зидан.