Зидан за Бејл: И да имав четири замени немаше да го внесам во игра

Зинедин Зидан уште еднаш потврди дека нема да смета на услугите на Герет Бејл. Францускиот тренер се откажа од репрезентативецот на Велс, а тоа го потврди и со денешната изјава по поразот од Бетис на „Санатијаго Бернабе“ (0-2).

„Ако сметам дека некој фудбалер не се вклопува во тимот, морам да го направам тоа што е најдобро. Бејл направи многу за Реал, но мора да живееме во сегашноста. Да имав право на четврта замена, немаше да го внесам во игра. Јас носам одлуки и работам во интерес на тимот“, рече Зидан.