Зидан побарал од Перез да го купи Мбапе!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан побарал од претседателот на клубот Флорентин Перез да ну го донесе Килијан Мбапе. Младата ѕвезда на ПСЖ и оваа година игра одлично. Втор најдобар стрелец е во европа, веднаш позади Лионел Меси.

Мбапе пред некое време најави дека ќе си замине од Париз, а тоа беше јасен знак за Зидан да тргне во акција и затоа побарал од претседателот Перез да се обиде да го ангажира. Сепак, тоа нема да биде лесно, затоа што „светците“ не сакаат да се откажат од крилниот фудбалер.