Зидан не се предава, но Перез е подготвен да му ја удри клоцата!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан би можел да добие отказ поради серијата лоши резултати со шпанскиот шампион. Тие во последниот меч загубија со 0-2 од Шахтер Доњецк и така го загрозија пласманот во нокаут-фазата на Лигата на шампиони.

Овој пораз предизвика гнев кај навивачите, иако Зидан немаше голем избор и неговата одбрана во моментов игра ужасно, а најновите шпекулации се дека Французинот повторно ќе го напушти кормилото на Реал.

Зидан кажа дека нема намера да поднесе оставка, зашто и во минатото имале лоши периоди и сите се свесни за тоа, но првиот човек на клубот, Флорентино Перез го има последниот збор.

Фудбалерите во моментов го поддржуваат Зидан и убедени се дека ќе направат пресврт по ужасниот почеток на сезоната, а доколку не се случи тоа, тогаш на кормилото наскоро би можел да пристигне Маурицио Покетино.