Зидан: Не сакам Меси да си замине од Барселона

Низ шпанските медиуми се појави шпекулации дека Лионел Меси ги прекинал преговорите со Барселона за нов договор.

Аргентинецот е разочаран од потезите на клубот во последниот период, особено поради назначувањето на Кике Сетиен за тренер. Неговиот аткуелен договор истакува на 30 јуни 2021 година и можно Меси следното лето да си замине од клубот.

Запрашан да ги коментира шпекулациите во медиумите околу Меси, тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан сака Аргентинецот да остане на „Камп Ноу“.

„Не знам што ќе се случи, но се надевам дека тој нема да си замине, бидејќи тој игра во оваа лига и ние ги сакаме најдобрите во нашата лига“, вели Французинот.

Меси целата своја кариера ја игра во Барселона, а изминативе години многу клубови од Европа се обидуваа да го намамат на трансфер со богати понуди, кои фудбалерот секогаш ги одбиваше.