Зидан го одбил Јунајтед, не е заинтересиран за „најжешкото“ столче во фудбалот!

Француската легенда Зинедин Зидан експресно го одбил Манчестер јунајтед после дебаклот на најтрофејниот англиски клуб во локалното класико со Ливерпул (0-5), зашто бившиот тренер на Реал Мадрид не бил заинтересиран за клупата.

Зидан бил прва опција на Јунајтед откако и Кристијано Роналдо го препорачал, знаејќи дека може да го препороди клубот откако со него соработуваше две ипол години и осои три титули во ЛШ во периодот од 2016 до 2018 година. Но, „ЕСПН“ објави дека иако Јунајтед го исконтактирале популарниот Зизу, тој ги одбил со образложение дека – не е заинтересиран.

Наводно, како што објави познатата спортска мрежа, Зидан не бил заинтересиран за „најжешкото“ столче во моментов во светскиот фудбал, па затоа Антонио Конте сега е во прв план за наследник на Оле Гунар Солшер, од причина што француската легенда чека момент за да седне на клупата на француската репрезентација.

Од поодамна се најавува од Франција дека природен наследник на Дидие Дешан на кормилото на „триколорите“ е Зидан, ама засега е нејасно дали тоа ќе биде по Мундијалот во Катар догодина или подоцна.