Зидан е оптимист: Реал Мадрид прави голема трампа со Јунајтед!?

Тренерот Зинедин Зидан долго време покажува интерес за фудбалерот на Манчестер јунајтед, Пол Погба, а во јануари конечно Французинот би можел да го облече дресот на Реал Мадрид.

Зидан сака да соработува со Погба во Мадрид, а тоа го откри и претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез, кој има намера да го понуди Герет Бејл за возврат.

Перез верува дека „ѓаволите“ го посакуваат Бејл, кој не е во добри односи со Зидан, па ваква трампа би им одговарала на двете страни.