Жиру откри како заврши во Челси: Венгер со три збора ме натера да си одам!

Францускиот репрезентативец Оливие Жиру во послендиот ден од преодниот рок зимава го смени клубот, но не и Лондон, па од северниот дел се пресели во западниот во таборот на градскиот ривал Челси.

Жиру замина од Арсенал во Челси, откако на „Емирати“ дојде Пјер Емерик Обемејанг, а Французинот немал желба да си оди од таборот на „топчиите“, но на него му било тотално јасно дека со Обемејанг во составор и со Александре Лакацете претходно, за него ќе нема место на мечевите за Арсенал.
Сега тој открива дека со една реченица, менаџерот на „топчиите“, Арсен Венгер го убедил да си оди и тоа во градскиот ривал Челси.

„Јас го прашав Венгер што ќе биде и дали Обемејанг ќе дојде. Истото го правеше и мојот менаџер, затоа што сакавме да знаеме што се случува. Не сакав да си одам, но бев приморан на тоа. Венгер ми рече дека ќе направи сè за да бидам среќен и на крајот ме пушти да си одам. Ми порача дека нема да можел да си прости ако не одам на СП во Русија, а ако останев во Арсенал веројатно така и ќе беше. Јас сакам да играм на Мундијалот и тоа на крајот ме 'избрка' од Арсенал во друг клуб за да имам поголема минутажа“, призна Жиру.