Жиру останува во Челси до лето

Француската ѕвезда Оливие Жиру нема да си замине од Челси до крајот на овој зимски преоден рок и ќе остане во Лондон до крајот на сезонава, а потоа ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“, објави еден од низата италијански специјалисти за трансфери, Николо Шира.

Жиру уште од минатата година се поврзуваше со трансфер од Челси за овој зимски преоден рок, но Французинот се решил да остане меѓу „сините“, а после Европското првенство летово, да реши каде ќе ја продолжи кариерата.

Веќе четири клуба се во битка кој да го добие неговиот потпис, актуелниот италијански првак Јувентус, Рома, градскиот ривал на Челси, Вест Хем или истанбулскиот гигант Галатасарај, кој од вчера според турски медиуми се поврзува со ангажман на македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски.