Ждребот за Лигата на шампионите е наместен - познати се и паровите!? (ФОТО)

Ждребот за четвртфиналето и полуфиналето во Лигата на шампионите е закажан за во петок во Нион, но наводно веќе се знаат паровите, откако еден од директорите на УЕФА, постна Твит, кој потоа набрзо го избриша.

Според „фамозниот“ твит, паровите ќе бидат следни: Ливерпул - Ајакс, Манчестер Јунајтед - Тотнем, Јувентус - Порто и Барселона - Манчестер Сити.

Во петок напладне ќе се покаже дали навистина ждребот однапред се знае, или сепак се работи само за обична грешка.