„Жал ми е, им се извинувам на сите Италијанци“

Претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Карло Тавекио денеска си подесе оставка на функцијата поради неуспехот на репрезентацијата да се пласира на Светското првенство во Русија 2018 година.

„Аѕурите“ испаднаа во баражот од Шведска, а веднаш по последниот свиреж на галвниот судија на вториот натпревар одигран во Милано, италијанската јавност бараше оставки. Прво од селекторот Џанпјеро Вентура, а потоа и од Карло Тавекио.

Вентура набрзо доби отказ, а се га се повлекува и првиот човек на италијанскиот фудбал, бидејќи токму тој го постави за селектор.

„Жал ми е. Им се извинувам на сите Италијанци. Сега е време италијанскиот фудбал да влезе во нова ера и да не седи со скрстени раце во фотелја. Политиките не спречија да се соочиме со причините за овој неуспех и забележав промена во односот на некои од вас“, изјави кратко Тавекио.