Зенга со емотивна порака го расплака Миха: Ти ми докажа дека си голем човек! (ВИДЕО)
Зенга му испрати емотивна порака во една италијанска емисија, каде што Миха гледаше видео снимено од страна на легендарниот Италијанец.
„Здраво, Синиша, каде си, брате, како си? Голем човек! Се сеќавам кога бевме во Сампдорија, бевме постојано заедно. И постојано се трудевме да бидеме најдобри во светот. Ти ме научи многу работи. Никогаш да не се откажувам во животот, секогаш да бидам свој и секогаш главата да ми биде исправена. Ти ми докажа дека си голем човек. И никогаш не се сомневав во тоа. Ти испраќам голема прегратка од Милано и... само силно. Брате! Голем играч“, порача Зенга.