„Земјотрес“ во Ливерпул: Слот ќе добие отказ - позната е неговата замена!?

Актуелниот англиски шампион Ливерпул има очајни резултати оваа сезона и поради тоа тренерот Арне Слот е под голем притисок и наводно денеска ќе добие отказ по состанокот на управата на премиерлигашот.

Слот разочара со резултатите и не успеа да ја поправи формата на Ливерпул, иако доби дополнително време од раководството на шампионот, па поради тоа најверојатно ќе мора да си бара нов ангажман.

Англиските медиуми пишуваат дека Слот ќе „летне“ од „Енфилд“, а на негово место ќе пристигне легендата на клубот, Стивен Џерард.

Џерард во кариерата играше за Ливерпул и Лос Анџелес Галакси, додека како тренер работеше во Ренџерс, Астон вила и Ал-Етифак.

Фото: Liverpool/Facebook