Земал мито од 300 евра, па го судеше германското дерби и ги налути ѕвездите на Дортмунд

Борусија Дортмунд на домашен терен беше поразена со 2-3 од Баерн Минхен во германското дерби, а главен судија беше Феликс Цвајер, кој ги изнервира ѕвездите на „милионерите“.

Фудбалерите се лути затоа што најголемото германско дерби го судеше арбитар кој во 2005 година земал мито од 300 евра додека работел како асистент во втората германска лига.

По шест месеци забрана Мајер се вратил на фудбалските терени, а од 2009 година суди во Бундеслигата, додека од 2012 година може да суди на дуели под организација на ФИФА.

Ерлинг Халанд и Џуд Белингам беа бесни поради одлуката на Цвајер да досуди пенал по контактот со рака на Хумелс, како и спорната ситуација во казнениот простор кога имаше контакт со Ројс.

„Хумелс не ја ни виде топката кога го удри во раката. Погледнете ги и другите одлуки. Сте му дале на судија кој местел натпревари да го суди најголемиот меч во Германија, што очекувавте?“, праша Белингам.