Заврши неверојатната серија: Ајакс загуби на домашен терен по 36 натпревари (ВИДЕО)

Ајакс синоќа во рамки на 16.коло во холандската фудбалска лига го доживеа првиот сезонски пораз, кој воедно беше и првиот на домашен терен по цели 36 натпревари. 

Во Амстердам славеше Вилјем Втори и тоа со 2-0. На последните 36 натпревари пред своите гледачи Ајакс имаше дури 33 победи и три ремија, а беше во низа од 15 триумфи по ред.

На секоја серија и доаѓа крај, па така и на оваа на шампионот. Сепак и покрај негативниот резултат, Ајакс останува лидер на табелата.