Заврши годината за Несторовски: Напаѓачот на Палермо цел месец во аут!

Македонскиот репрезентативен напаѓач Илија Несторовски ја заврши годинава, иако Палермо го очекуваат уште три меча до крајот на оваа календарска 2018 година, па поради повреда ќе мора да паузира во следните месец дена.

Несторовски се повреди во четвртокот на претпоследниот тренинг и го пропушти мечот со Ливорно, но во сицилијанскиот клуб се надеваа дека не станува збор за ништо сериозно. Сепак, по денешните прегледи и магнетната резонанца е констатирана повреда на листот на потколеницата од втор степен. Поради тоа ќе мора да паузира во следните 30 дена.

Несторовски веднаш ја започнал рехабилитацијата, па ако се оди според предвиденото тој би требало да се врати на терените на средина од идниот месец. Дотогаш Палермо ќе ги одигра мечевите со Специја на гости претстојниов викенд, па со Асколи дома на 27 декември и со Читадела на гости на 30 декември.

Серија Б продолжува на 19 јануари, а Палермо ја пречекува Салернитана и би требало Несторовски за тој меч да се врати во дресот на сицилијанците.