Засилувањето на Каталонците дециден: Во Барса не дојдов поради Меси!

Сержињо Дест попладнево и официјално беше промовиран како нов фудбалер на Барселона, каде што доаѓа од таборот на Ајакс, кој ќе инкасира сигурни 21 милион евра, со можност за дополнителни пет милиони евра низ бонуси.

Во остра конкуренција за потписот на дефанзивецот беше и Баерн Минхен, а Дест потенцира дека мислењето дека во Каталонија би добил поголема минутажа на крајот пресудило. Истовремено, тој изненади со одговорот на прашањето дали допол во Барса поради Лионел Меси.

„Често размислував како би било да игра во ист тим со Меси. Но, морам да нагласам дека не дојдов во Барса поради Аргентинецот. Сепак, иако не го избрав овој тим поради него, ќе биде убаво да се игра со најдобриот играч во светот“, изјави новиот фудбалер на Барса.

Тој кажа уште неколку работи околу трансферот за клупската телевизија на Ајакс.

„ Ја избрав Барселона поради тоа што има холандски тренер, а и поради тоа што десниот бек Семедо си замина. Генерално гледано, сметам дека ќе добивам поголема минутажа во Барселона. Куман има навистина голема верба во мене, но исто така знае дека можам да играм и како лев бек, не само на десната странична позиција“, дополни Дест.